Герасимовски: Градиме дом за стари лица, историска инвестиција за пензионерите

Од:

Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, денешниот Меѓународен ден на старите лица го одбележа со средба со пензионерите од Здружението на пензионери од општината, каде што ги најави новите мерки што ќе го подобрат квалитетот на нивниот живот, здравјето и благосостојбата.

Герасимовски, во рамки на посетата на Здружението, како клучен проект ја истакна изградбата на современ дом за стари лица, со субвенционирана цена од 200 евра во денарска противвредност.

„Ова беше едно од главните барања на нашите пензионери. Сите знаеме колку е тешко и скапо сместувањето во приватни домови, затоа се одлучивме за овој чекор што ќе им обезбеди достоинствено стареење на нашите постари сограѓани. Домот е предвиден да обезбеди сместување за 50 лица, со услови усогласени со европските стандарди. Секој корисник ќе има пристап до 24-часовна медицинска грижа, квалитетна и разновидна исхрана, како и до богат спектар на социјални активности кои ќе овозможат активно и исполнето секојдневие. На тој начин пензионерите не само што ќе бидат згрижени, туку ќе добијат можност за достоинствено стареење. Овој проект има посебна вредност и за семејствата, кои често се соочуваат со тешкотии да обезбедат соодветна грижа за своите најстари членови. Со постоењето ваков дом се намалува притисокот врз семејствата, бидејќи нивните најблиски ќе бидат згрижени во безбедна институција која нуди постојана медицинска поддршка и внимание, рече Герасимовски.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Герасимовски: Реконструиравме над 24 улици, безбедноста подигната на највисоко ниво

Герасимовски: Бесплатен оброк за сите ученици, родителите ќе заштедат 2.500 денари месечно

Герасимовски: Реализиравме над 90 отсто од програмата, одиме на победа

Горан Наумовски

Шукова: Сега ветуваат дека за Орце Ѓорѓиевски дека за 72 часа ќе го исчисти градот Скопје, тоа се нереални ветувања

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС