Најмалку 60 лица загинаа, а повеќе од 140 се повредени откако силен земјотрес со јачина од 6,9 степени ги погоди централните Филипини, а официјалните лица стравуваат дека бројот на жртви може да се зголеми додека спасувачите се мачеа низ урнатините на зградите утрово. Земјотресот го погоди крајбрежниот град Бого во покраината Себу во централниот регион Висајас кратко пред 22 часот по локално време во вторник, предизвикувајќи прекин на електричната енергија и уривање на згради, вклучувајќи и црква стара повеќе од 100 години. Моментот на земјотресот беше снимен со камера на автомобил.
Nahulicam sa Cebu bridge during earthquake.. Sep 30, 2025 at 9:59pm! Credits to the owner. Not my cam. #earthquake #cebu pic.twitter.com/Q4Cj47glsk
— _mockingjay (@dadnxtdoor_) September 30, 2025
Покраината Себу, една од најпопуларните туристички дестинации на Филипините, е дом на 3,4 милиони луѓе. Меѓународниот аеродром Мактан-Себу, втората најпрометна порта во земјата, остана отворен.
I can't imagine feeling this!
More CCTV from Cebu as the M6.9 earthquake hit 👀 pic.twitter.com/AvxL9le6nI
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) September 30, 2025
Земјотресот најтешко ја погоди општината Сан Ремиџио. Во областа е прогласена состојба на катастрофа за да се забрза доставувањето на помошта. Алфи Рејнс, заменик-началник на Сан Ремиџи, повика на доставување храна и вода до евакуираните, како и тешка опрема за да им се помогне на спасувачите.
„Врне силно и нема електрична енергија, па затоа навистина ни е потребна помош, особено во северниот дел бидејќи има недостиг на вода откако цевките за снабдување беа оштетени од земјотресот“, изјави Рејнс за радио DZMM.
Во соседниот град Богу, во близина на епицентарот на земјотресот, пациентите во болница беа евакуирани, а силните потреси ги принудија многу жители да останат во центрите за евакуација и на улиците.