Германија: Хамас мора да ја искористи оваа можност

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека планот презентиран од американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на огнот во Појасот Газа претставува единствена можност за ставање крај на ужасната војна и дека не треба да се пропушти.

„Американскиот план за Газа нуди единствена можност за ставање крај на ужасната војна во Газа. Тој им дава надеж на стотици илјади луѓе во Газа кои страдаат од брутален конфликт и незамисливи хуманитарни тешкотии. Конечно им носи надеж на Израелците и Палестинците дека оваа војна наскоро би можела да заврши“, рече Вадефул.

„Оваа можност не смее да се пропушти. Хамас мора да ја искористи“, рече Вадефул, повикувајќи ги сите оние кои можат да влијаат врз Хамас да преземат итни мерки.

Вадефул им се заблагодари на американскиот претседател Трамп, на арапските држави во регионот и на другите муслимански земји кои ги поддржуваат мировните напори во Газа.

Вадефул рече дека Германија е подготвена да даде конкретна поддршка за планот, додавајќи дека планот може да го отвори патот за поширок процес на помирување на Блискиот Исток. Тој исто така изјави дека планира да го посети регионот овој викенд за таа цел.

Би можело да ве интересира

Мерц: Долготрајната војна не е во интерес на Германија

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Нова главоболка за Мерц: Зелените бараат итна истрага за „германска поврзаност“ во аферата Епштајн

„Гардијан“: Трамп планира да изгради воена база за 5.000 војници во Газа

Кина ги престигна САД

Лидерката на германската десница: Мирот во Европа е можен само со Русија, Британците се виновни за крвопролевањето