„ВМРО-ДПМНЕ не само што ја покажа својата неспособност туку го покажа најгрдото лице за секој еден граѓанин кој живее во државата“, порача вечерва од Крушево, претседателот на СДСМ Венко Филипче кој заедно со коалицијата оттаму го започнаа караванот за локалните избори.
„Ветија правда, а донесоа неправда. Видовме како ги штителе функционерите пожарот во дискотеката „Пулс“ да не бевме ние со нашите прес-конференции сите ќе останеа заштитени. Со тоа се откри најгрдото лице на оваа власт“, рече Филипче.
Тој обвини дека додека СДСМ ја барала правдата за жртвите во Кочани, ВМРО-ДПМНЕ правеле ситни зделки меѓу институциите кои однесоа 63 животи.
„Македонија е далеку од горда, се што ветија се излажаа“, истакна Филипче во Крушево.
На граѓанската трибина во Крушево, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче ја најави победата на кандидатот на СДСМ во Крушево, Томе Христоски, кој во изминатите два мандати, како што рече, го претвори Крушево во вистински пример за локален развој и функционална општина.
„Томче успеа да го направи тоа што пред повеќе години изгледаше дека е невозможно, Крушево на светската спортска и туристичка мапа. Покажа што значи да се биде градоначалник за граѓаните. Затоа е и два мандати, а ќе има и трет мандат. СДСМ ќе има победа во Крушево, Томе повторно ќе биде тука за вас, крушевчани – со отворени врати за секој ваш проблем и за сè што значи подобра, поуредена и пофункционална општина“, порача Филипче.
Во обраќањето пред граѓаните, Филипче нагласи дека Крушево денес е препознатлив бренд на развој, чиста животна средина, култура и туризам, благодарение на 68 реализирани капитални и локални проекти во изминатите осум години.
Како што кажа Филипче, развојот на Крушево продолжува со четиригодишната програма на кандидатот Томе Христовски, развојот на Крушево.
„Крушево ќе продолжи да живее од туризмот и овие политики за развој на турзимот ќе продолжат. Во Програмата за Крушево се содржани инфраструктурни инвестиции во обрзованието, во спортот. Ќе има ново полетувалиште „Црн Врв“ со два терени за параглајдинг и нови планински и велосипедски патеки со дигитална мапа. Поддршка ќе за ранливите категории, за изнемоштени лица. И уште многу проекти за вас граѓаните“, рече Филипче.
Тој во обраќањето, ги повика граѓаните да гласаат за бројот 5 , за Томе Христовски, да гласаат за напредок на Крушево.
„Томе останува со вас, со отворени врати и уште посилна енергија, за Крушево што го сакаме сите. Ако сакате Крушево да продолжи напред, изборот е јасен – Томе Христоски“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Во обраќањето пред граѓаните тој посочи дека Томе Христовски во неговите два мандати го претвори Крушево во бренд на развој, чиста околина, култура и туризам.
„За 8 години, реализирани се значајни проекти во сите области – водоснабдување, инфраструктура, реконструкција на училишта и градинки, субвенции за средношколци, развој на туризам, проекти за чиста животна средина и подобрени комунални услуги, рехабилитација и асфалтирање на патишта и улици, реновирање на спортски сали и изградба на игралишта – сето тоа го подобри квалитетот на живот и го издигна Крушево“, рече Филипче.
Меѓу многуте реализирани проекти како што кажа Филипче е и модернизираното и проширено Полетувалиштето кое туристичка атракција, комплетно модернизирано улично осветлување, изградбата на нови резервоари, нови пумпни станици, заменета водоводната мрежа, домаќинства се приклучени на нови системи, и уште многу други капитални проекти.
„Резултатите од работата на Томе за Крушево, зборуваат сами за себе.Не како градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ – тие се само извршители на договорите на Мицкоски. Кога бев министер за здравство немаше ден а Томче да не се јави и да не најави и побара поддршка за некој нов проект за развој на општината. Јас ќе речев имаме и други општини во државата не е само Крушево, но неговиот одговор беше – вие може имате други општини ама за мене е Крушево“, рече Филипче.
На граѓанската трибина, Филипче порача дека Томе Христовски е вистинскиот избор за Крушево и повиќа граѓаните да гласаат да него, да гласаат за да продолжи равзојот на Крушево.