Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес во обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации изјави дека давањето држава на Палестинците на една милја од Ерусалим по 7 октомври 2023 година е како да ѝ се даде држава на Ал Каеда веднаш до Њујорк по нападите од 11 септември 2001 година.
Нетанјаху рече дека ова претставува наградување на „нетолерантните фанатици“ кои го извршија и поддржаа масакрот на 7 октомври 2023 година во јужен Израел, предводен од палестинското милитантно движење Хамас, и дека тоа е „чиста лудост“, објавува „Тајмс оф Израел“.
Тој им рече на западните лидери кои ја признаа палестинската државност дека „Израел нема да дозволи терористичка држава да му биде наметната“.