Трамп за Газа: Мислам дека имаме договор

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти е постигнат договор за завршување на војната меѓу Израел и Хамас.

„Изгледа дека имаме договор за Газа и ќе ве известиме. Мислам дека тоа е договор што ќе им овозможи на заложниците да се вратат. Тоа ќе биде договор што ќе ја заврши војната“, изјави Трамп пред новинарите додека ја напушташе Белата куќа.

„Ќе биде мир“, додаде тој, според Фокс њуз.

Трамп во последните месеци постојано сугерираше дека договорот е блиску, но сè уште не е постигнат договор. Израел вели дека нема да ја запре војната сè додека целосно не го порази Хамас.

Трамп презентираше иницијатива од 21 точка за завршување на војната во Газа за време на состаноците со арапските лидери на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации претходно оваа недела.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: „Од ноќеска тарифите за Србија повеќе не постојат“; „Америка ги укина царините од 35 отсто“

Иран го отфрли предлогот на Трамп за прекин на огнот

Горан Наумовски

Трамп воведе нов бран царини: Погодени се повеќе од 60 земји

Трамп сака проширување на воените операции

(ВИДЕО) Трамп: Комунистите сакаат да ја дигнат во воздух планината Рашмор

Катерина Ѓуровски

Трамп најави драстично зголемување на царините