Демократскиот сојуз бара да престанеме со носење на резолуции и декларации кои никого не го обврзуваат и никој не ги разгледува или чита.
„Демократскиот сојуз предлага македонскиот Парламент да се обрати до Советот на Европската Унија со следните барања: Советот на Европската Унија да ги донесе следните заклучоци: Прво, по приемот на Македонија во Европската Унија, Македонскиот јазик да биде официјален јазик. Второ, историските, идентитетските и јазичните прашања да не можат да бидат основа за блокада на евроинтегративните процеси. Трето, да ја обврзе Бугарија да ги спроведат одлуките на Меѓународниот суд за човекови права од Стразбур, со кои ќе им се овозможи на Македонците во Бугарија да се здружуваат за афирмација на своите особености поврзани со јазикот, културата, историјата итн.
На овој начин ќе се покаже национално единство и ќе се предизвика реакција од страна на ЕУ. Предлагаме конкретна активност, а не резолуции или декларации кои се користат за дневно политички препукувања, манипулации и политички маркетинг, велат од партијата.