Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот

Од:

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, денеска ја посетија Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, по повод промоција на надградена хибридна сала во оваа установа, која е единствена во регионот од ваков вид.

-Продолжуваме со инвестиции од инфраструктурна и техничка гледна точка. Денеска сме тука по повод надградба на хибридната сала, што е единствена хибридна операциона сала во нашата држава и пошироко во регионот. Станува збор за современа апаратура што овозможува детекција, анамнеза и интервенција, а потоа и следење на здравствената состојба на пациентот при кардиохируршките интервенции, посочи министерот Алиу.

Со новиот компјутерски томограф, за кој се обезбедени средства од Министерството за здравство во вредност од 2 милиона евра, со најсовремени софтвери, овозможени се услови со кои нашата држава се вбројува меѓу водечките центри во оваа област. Софтверите на ангиографот и томографот се целосно комплементарни и овозможуваат највисок стандард во ендоваскуларниот третман.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Определен притвор од 30 дена за возачот на камион кој удри во патничко возило и усмрти четворица

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ

Филипче: Синдикалната кошничка е 69.000 денари, три минимални плати се потребни

Предраг Петровиќ