Хрватска одби да ја признае Палестина, мнозинството во парламентот беше против

Од:

Хрватскиот парламент денес гласаше за предлогот за признавање на палестинската држава. Од вкупно 121 претставник кои го изразија своето мислење, 44 гласаа за, 4 се воздржаа, а 73 претставници беа против.

Парламентот, исто така, донесе одлука за суспендирање на лиценците за извоз на оружје во Израел и за издавање нови лиценци за пренос преку хрватска територија. 46 претставници гласаа за предлогот, тројца се воздржаа, додека 71 беа против.

Во понеделникот во Њујорк, претседателот Зоран Милановиќ изјави дека Хрватска треба да ја признае Палестина. Сепак, шефот на дипломатијата, Гордан Грлиќ Радман, еден ден подоцна изјави дека сè уште не е време за тој потег.

„Условите за признавање на палестинската држава сè уште не се исполнети бидејќи е потребно да се запрат конфликтите и да се ослободат сите заложници“, изјави Радман Грлиќ за новинарите на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.

„Во овој момент, како и некои други важни европски земји, сметаме дека моментот на признавање сè уште не е дојден бидејќи конфликтите треба да се сопрат, сите заложници треба да бидат ослободени“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Силна експлозија во центарот на Атина: Загинаа американски државјани, цела зграда се урна

Предраг Петровиќ

Во Загреб пронајдени распаднати човечки останки, припаѓаат на поранешен хрватски ММА борец

(ВИДЕО) Студенти од Србија нападнати во Вишеград: Непожелни се во Република Српска

ВИДЕО: Рама во центарот на хаосот во Њујорк: Демонстранти го гаѓаа со јајца и му викаа

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

40 години затвор за убиецот на младиот доставувач на храна во Хрватска

Катерина Ѓуровски