Лабудовиќ: Со добра организација и добар тим за четири години Центар ќе биде подобро место за живеење

Од:

„Ништо не е тешко доколку се влезе со чиста мисла и добра намера. За сè треба време, но со добра организација и добар тим верувам дека работите ќе тргнат на подобро, за четири години ќе постигнеме видливи резултати и општина Центар ќе биде подобро место за живеење“, порача кандидатот на Движењето ЗНАМ за градоначалник на Центар, Мирослав Лабудовиќ, во интервјуто за Република.

Лабудовиќ, чија кандидатура е поддржана од ВМРО ДПМНЕ, истакна дека она што му недостига на Центар е поголема хигиена, повеќе зеленило и враќање на мирот, редот и безбедноста за сите жители на општината.

„Мислам дека низ годините заборавивме на хигиената. Мора сериозно одржување на општината, мора сериозен пристап кон хигиената. Не зборувам за отпадот околу контејнерите, зборувам за тоа што се случува низ општината – за отпадот и прашината што не се чистат редовно. Има делови во кои плочниците каде што си играат и растат нашите деца се покриени со смет и прашина.“

Лабудовиќ истакна дека влегол во политиката со искрени и чесни намери и верува дека со своето искуство и знаење може да придонесе во изградбата на подобро и поправедно општество.

„Ако се предадеме – никој ништо не може да направи. Сметам дека секој што има намера да направи нешто добро и позитивни, треба да се вклучи, бидејќи седењето на натпревар на трибините и коментирањето нема ништо да придонесе. Затоа треба сите да се вклучиме и да работиме за доброто на граѓаните и за нашите деца.“

Лабудовиќ е еден од основачите на ЗНАМ, а во моментов е заменик министер за енергетика, рударство и минерални суровини. По професија е електроинженер, а целиот живот го има поминато во општина Центар, каде што живее и денес со своето семејство.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: Подолг период беше јасно дека Цеков политички и вредносно се оддалечува од принципите и државотворната визија на ЗНАМ

Филипче по одлуката на Цеков: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

Миле Цеков ја напушти ЗНАМ, пратеникот ќе дејствува независно

Горан Наумовски

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски

Мемов: Дали следниот чекор на СДСМ е напуштање на законодавниот дом, со крајна цел бојкот на следните Парламентарни избори

ЗНАМ го усвои Акцискиот план за 2026 – започнува кампања под слоганот „Европски реформи, европски институции, европска Македонија“