Претседателот на Иран во ОН: Не сакаме нуклеарно оружје

Од:

Иран нема намера да произведува нуклеарно оружје, изјави денеска иранскиот претседател Масуд Пезешкијан на седницата на Генералното собрание на ОН, неколку дена пред евентуалното враќање на меѓународните санкции против Техеран поради неговата нуклеарна програма.

„Тука, пред ова собрание, повторно велам дека Иран никогаш не се стремел и никогаш нема да се стреми да произведе нуклеарна бомба. Не сакаме нуклеарно оружје“, рече Пезешкијан.

Велика Британија, Франција и Германија (т.н. група Е3) на 28 август започнаа 30-дневен процес за повторно воведување на санкциите на ОН врз Иран, кои истекуваат на 27 септември, обвинувајќи го Техеран за кршење на нуклеарниот договор од 2015 година со светските сили, чија цел беше да го спречи да развива нуклеарно оружје.

Европските сили понудија да го одложат повторното воведување на санкциите до шест месеци за да се овозможи простор за преговори за долгорочен договор, доколку Иран им дозволи на инспекторите на ОН пристап до неговите нуклеарни постројки, се справи со загриженоста за неговите залихи на збогатен ураниум и преговара со САД.

Пезешкијан ја обвини таканаречената група Е3 дека го иницирала процесот на враќање на меѓународните санкции врз Иран „по налог на Соединетите Американски Држави“.

Би можело да ве интересира

Трамп свикал итен состанок во Белата куќа, бара разорни напади на Иран

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп се закани дека ќе уништува електрани и мостови во Иран, Техеран ги нападна Кувајт и Бахреин

Иран гранатираше американска база во Јордан

Трамп за Иран: „Тие повеќе не се агресори на Блискиот Исток“

Иран погуби двајца осудени членови на „ќелија“ поврзана со ИСИС

Иранците ја користат секоја можност да му се потсмеваат на Трамп, за наплата за премин низ Теснецот му рекоа: „Ќе бидеме фер“

Катерина Ѓуровски