Ќе ги собoруваме леталата во полскиот воздушен простор, вели Доналд Туск

Од:

Полска нема да се двоуми да собори секое летало што го нарушува нејзиниот воздушен простор и претставува закана, изјави денеска премиерот Доналд Туск, како што објавија светските новински агенции.

„Ќе донесеме одлука да собориме летачки објекти ако и кога ќе го нарушат нашиот воздушен простор – апсолутно нема дискусија за тоа“, рече Туск на прес-конференција.

Тој додаде дека на ситуациите што не се сосема јасни им се пристапува поинаку. „Кога се соочуваме со околности што не се сосема јасни, како што е неодамнешниот лет на руски борбени авиони над платформата Петробалтик – но без штета, бидејќи ова не се наши територијални води – тогаш навистина треба двапати да размислиме пред да преземеме чекори што би можеле да предизвикаат многу акутна фаза од конфликтот“, рече тој.

Изјавата доаѓа откако Естонија во петокот ја обвини Русија дека внела три од нејзините борбени авиони МиГ-31 во естонскиот воздушен простор над Финскиот Залив, каде што останале 12 минути пред да бидат пресретнати од НАТО. Москва го негираше ова и го оцени како обид за зголемување на тензиите.

Обединетите нации потврдија дека Советот за безбедност денеска ќе одржи итен состанок за инцидентот. Естонија побара дебата, предупредувајќи дека постапките на Русија „ја поткопуваат безбедноста на сите членки на ОН“.

Полска претходно пријави голем број слични случаи. Во текот на ноќта од 9 до 10 септември, повеќе од 20 руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор, а полските воздухопловни сили, со помош на сојузниците од НАТО, соборија неколку од нив.

Минатиот петок, полските власти објавија и дека два руски борбени авиони се приближиле до платформата за дупчење „Петробалтик“ во Балтичкото Море, нарушувајќи ја безбедносната зона.

Полскиот премиер рече дека нема да донесува одлуки набрзина и без поддршка од сојузниците. „Морам да бидам апсолутно сигурен… дека сите сојузници ќе се однесуваат кон ова на ист начин како и ние“, рече Туск.

Би можело да ве интересира

Путин: Подготвени сме воено да му возвратиме на Западот

ВИДЕО: Итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради упадот на руски авиони во Естонија

ВИДЕО: Украина првпат погоди руски воени хидроавиони на Крим

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Трамп: Ќе ги бранам Полска и балтичките држави ако Русија продолжи да ескалира

Горан Наумовски

Напнатости во Полска: Нов закон за бегалци, зголемени напади врз Украинци

Горан Наумовски

Нов руски напад на Украина, Полска ја активираше авијацијата и против воздушната одбрана

Горан Наумовски