Полициски службеници од САЕ Тигар и ОВЕ денеска со хеликоптерот Бел 412 спасија повредено лице на Шар Планина, во реонот на Гостивар.
Како што информира МВР, веднаш по добиената пријава дека на Шар Планина се превртело возило, а со повреди се здоби А.Џ., тие се упатиja на местото на настанот и повреденото лице е успешно преземено и транспортирано до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.