Авиони на НАТО пресретнаа руски авион над Балтичкото Море

Од:

НАТО денес испрати два авиони „Еурофајтер“ за да пресретнат неидентификуван странски воен авион над Балтичкото Море.

Странскиот воен авион подоцна беше идентификуван како руски, соопштија германските воздухопловни сили.

Во соопштението објавено од „Шпигел“ се наведува дека неидентификуваниот авион летал во меѓународен воздушен простор без план за лет или радио контакт.

Според соопштението, пилотите на двата авиони-пресретнувачи на Бундесверот што полетаа од воздухопловната база Росток-Лаге преку визуелна идентификација утврдиле дека станува збор за руски извидувачки авион Ил-20М.

„Шпигел“ оценува дека ситуацијата во регионот на Балтичкото Море неодамна станала напната поради неколку повреди на воздушниот простор од страна на Русија и потсетува дека на 10 септември, голем број беспилотни летала влегле во полскиот воздушен простор, на територијата на НАТО.

Естонија се пожали во петок, 19 септември, дека три руски борбени авиони го нарушиле воздушниот простор на балтичката земја-членка на НАТО.

НАТО претходно започна операција наречена „Источна гарда“ за да ја зголеми заштитата на источниот крило со воздушна одбрана и извидување.

Би можело да ве интересира

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

Медведев: Киев е слеп и e во паника без американските разузнавачки информации

Горан Наумовски

Украина: 600.000 домаќинства останаа без електрична енергија по масовните руски напади

Горан Наумовски

Захарова: Русија не се откажува од своето хуманитарно и културно присуство во Германија

Песков: Санкциите на ЕУ може да го отежнат договорот меѓу Русија и САД за испорака на гориво

Зеленски: Ако Русија не се согласи на примирје, ќе одговориме