Рома го победи Лацио

Од:

Рома денес го победи Лацио со 1-0 во 4. коло од италијанската Серија А во Рим.

Единствениот гол за Рома за победа во градското дерби го постигна Лоренцо Пелегрини во 38. минута.

Лацио го заврши натпреварот со играч помалку, откако Реда Белахјан беше исклучен во 86. минута.

Рома моментално е на четвртото место на табелата во Серија А со девет бода, додека Лацио е на 14. место со три.

Рома ќе биде домаќин на Верона во следното, петто коло од италијанското првенство, додека Лацио ќе гостува кај Џенова.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Лацио го победија Емполи во Серија А

Во Собранието ќе се основа група за поддршка за правата на Ромите во Македонија

Ана Ололовска

Конференција „Здравјето на Ромите: пристап, предизвици и можности за подобрување“

Ана Ололовска

Кампања за надминување на предрсудите кон Ромите

Ана Ололовска