Кац: Нашето знаме ќе се вее над главниот град на Јемен

Од:

После вчерашниот напад со беспилотни летала и ракети на Хутите врз Израел, израелскиот министер за одбрана Израел Кац се закани дека ќе го убие лидерот на групата поддржана од Иран.

– Абдул-Малик ал-Хути, твоето време ќе дојде. Ќе бидеш испратен на пленарна седница на твојата влада и сите елиминирани членови на оската на злото кои чекаат во длабочините на пеколот – напиша Кац на социјалната мрежа „X“.

– Слоганот „Смрт за Израел, проклетство за Евреите“, напишан на знамето на Хутите, ќе биде заменет со израелското сино-бело знаме кое ќе се вее над главниот град на обединет Јемен – додаде Кац.

Во израелскиот напад врз Јемен на 28 август, премиерот на владата на Хутите и најмалку 11 други министри беа убиени. Ден претходно, беспилотно летало на Хутите погоди хотел во најјужниот израелски град Еилат. Во истиот напад беа пресретнати уште два беспилотни летала и балистичка ракета.

Од 18 март, кога израелската војска ја обнови својата офанзива против Хамас во Појасот Газа, Хутите испукаа 87 балистички ракети и 40 беспилотни летала кон Израел.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел го прекрши примирјето, 28 Палестинци беа убиени, меѓу нив и деца

Катерина Ѓуровски

13 убиени во израелски напад врз бегалски камп во Либан

Саар: Израел нема да се согласи на формирање палестинска држава

Русија подготвува своја нацрт-резолуција за Газа како алтернатива на американскиот предлог

Израел ги предаде телата на 15 Палестинци на Министерството за здравство во Газа

Нападите врз доселениците во Западниот Брег е во пораст: ОН предупредува на рекордно насилство

Горан Наумовски