Левица: Наместо во сметките на Заеви и Мијалков, ДПМНЕ неовластено следи наши пратеници, додека го крие својот имот

Од:

ДПМНЕ оваа недела направи преседан со неовластен упад во лични банкарски сметки на пратеници од Левица, без да постојат индиции за сторено кривично дело. Наместо да се истражува криминалот на Заев и Мијалков, ДПМНЕ го користи државниот апарат за репресија врз политички противници, велат од Левица.

„Со објавување на податоци за легитимни плати кои Левица ги исплаќала, добиени на незаконски начин, се потврдува авторитарниот однос и злоупотребата на институциите под нивна контрола. Вакви информации можат да се добијат исклучиво преку посебни истражни мерки, доколку постојат сомнежи за кривично дело, што во овој случај не постои.

Левица јавно повикува – како што се следат личните трансакции на пратениците на Левица, така да бидат објавени и приливите на семејството Заев. Дали тоа ќе се случи? Секако дека не, бидејќи таму лежи вистинскиот криминал, во кој учествуваат и самите структури на ДПМНЕ.

Истовремено, ДПМНЕ и понатаму го крие сопствениот имот. Државниот завод за ревизија нотирал сериозни недостатоци во извештаите на оваа партија, особено во евиденцијата на недвижен имот, додека извештаите на Левица се без забелешки.

Дополнително, Левица официјално побара информации од јавен карактер поврзани со пописот на недвижниот имот на ДПМНЕ, но до денес нема добиено одговор – прекршок констатиран и од Агенцијата за слободен пристап до информации.

Левица нема да се повлече пред овие обиди за репресија. Ќе продолжиме да ја разобличуваме криминалната хунта на ДПМНЕ и да се бориме за вистинска демократија и правна држава, изјави на прес конференцијата портпаролот на кампањата за локалните избори, Круме Богевски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира