Пет претставки од граѓани до ФЗО за спорни кардиолошки случаеви

Од:

Стручната комисија за кардиохиругија работи на случаите, а во неа се вклучени и двајца претставници од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). До ФЗО се доставени пет претставки од граѓани и сите се проследени до Стручната комисија. Првиот состанок на министерот за здравство со странските експерти кои треба да ја извршат крајната ревизија се очекува да биде онлајн, а потоа тие ќе пристигнат и во земјава.

– Моментално Комисијата работи, следниот состанок можеби ќе има резултати за првите анализи, а понатаму очекуваме да пристигнат и други материјали кои исто ќе се разгледуваат и потоа ревизија ќе прават странски експерти кои ги очекуваме. Очекуваме да се потпише договор за да дојдат во најскоро време. Административна е работата зашто е време на избори, но најдовме начин да се потпише договорот. Првиот состанок на министерот ќе биде онлајн, а вториот ќе дојдат тука да направат ревизија, изјави заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, одговорајќи на новинарски прашања по денешниот настан по повод Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата.

Според Директорот на Фондот за здравствено осигурување, ФЗО е вклучен во работата на Стручната комисија на Министерството за здравство со два свои претставника.

– Фондот последните денови административно ги провери случаите, бидејќи беа доставени коронарографии кои моравме да ги поврземе со досиеја и пациенти. Кај нас има пет претставки од граѓани, сите се проследени до Стручната комисија. Министерот кажа дека побарал Лекарската комора да направи контроли во сите јавни и приватни здравствени установи, очекувам како стигнуваат материјалите, да се сумираат сите заедно и да се издвојат само проблематичните случаи кои би се дале на супервизија на странските доктори за да имаме неутрален и објективен поглед на работите, истакна Клековски.

Би можело да ве интересира

Три нови случаи на западнонилска треска

Клековски: Се смирува епидемијата во Гостивар

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

Горан Наумовски

Клековски: Водата во Гостивар ќе може повторно да се користи за пиење кога ќе има три последователни негативни тестови од испитаните примероци

109 нови случаи во Гостивар, Клековски најави нова фаза во следењето на епидемијата

Клековски: Се забележува намалување на бројот на лица од Гостивар што се јавуваат за лекарска помош

А1он