(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Од:

Полиција со автоматски пушки и заштитни елеци попладнево морала да интервенира во кругот на прилепската болница „Борка Талески“.

На социјалните мрежи се појави видео како вооружени полицајци со автоматски се распределуваат во кругот на полицијата, а се слушнале и пукотници.

Од МВР го потврдија инцидентот и велат дека настанала тепачка помеѓу повеќе лица кои употребиле дрвени и други тврди предмети.

„Околу 12.00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека пред Градската општа болница ,,Борка Талески“ во Прилеп настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица, кои употребиле дрвени и други предмети. На местото се испратени полициски службеници, но лицата не постапиле по нивните наредби да престанат, по што еден од нив испукал неколку истрели во воздух од службениот пиштол“, велат од полицијата во Прилеп.

Кога пристигнала полицијата тие одбиле да престанат со тепачката, по што еден од нив испукал неколку истрели во воздух од службениот пиштол.

Во Полициска станица Прилеп се приведени 13 лица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

Заедно пиеле, па го претепале до смрт – обвинение за двајца скопјани

Мајка и ќерка се истепале пред ресторан во Кавадарци

18-годишник од Скопје е осомничен за убиство на познаник

Обвинение за скопјанецот кој истепа две деца на натпреварот „Брегалница“ – „Шкупи“

Горан Наумовски

Тепачка на плажа во Грција – ги нападна туристите кои сакаа да пливаат голи

А1он