Нема да има предвремени парламентарни избори, тврди Мицкоски

Од:

Нема да одиме на предвремени парламентарни избори, бидејќи претставниците на владината коалиција ќе победат на локалните избори на 19 октомври, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.

-Владата е стабилна и кохерентна, а владината коалиција ќе победи на овие локални избори, рече Мицкоски на денешната средба со новинарите.

Тој нагласи дека Владата има мандат од четири години, период за кој планира да ги реализира ветените проекти, а предвремните парламентарни избори, како што кажа, ќе значат само нивно одложување за најмалку шест месеци.

-Како ВМРО-ДПМНЕ можеби би ни одговарале предвремени парламентарни избори, но ние не ги гледаме работите партиски, туку државнички. Ако одиме на избори сите проекти кои треба да ги имплементираме би имале стагнација од најмалку шест месеци, рече Мицкоски.

Прашан дали очекува да има проблеми на претстојните локални избори и зошто повторно некој игра на картата на национализмот, рече дека нема сознанија дека има индиции за планирани инциденти.

-Некој нема што да им понуди на изборите на граѓаните освен национализам, бидејќи ДУИ во измнинатите 22 години не може да се препозне по некој реализиран проект. Затоа е логично да играат на национализам зашто таму се најсилни. Тие се ориентирани кон минатото, а ние кон иднината и реализацијата на ветените проекти, посочи Мицкоски.

Затоа, како што кажа, нема да водат негативна кампања за локалните избори, туку ќе се сконцентрираат на кампања со смирувачки тонови и на нудење на реално изводливи проекти, а не на она што било во минатото.

-Нашата работа е на терен со нудење на проекти, а нивната на етнички поделби и враќање во минатото, потенцира Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Има центри на моќ кои сакаат Македонија да биде поразена и да не напредува

А1он

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сее магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“, ќе поднесеме кривична

Катерина Ѓуровски

Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека зад објавите „Убијците од Кочани“ стои Венко Филипче и неговите структури

Катерина Ѓуровски

Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд