СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

Од:

Неспособната власт на ВМРО-ДПМНЕ освен што не успеа да се справи со пожарите сите активности ги сведе на лажен ПР и манипулации. Пред неколку месеци, власта најави ангажирање на 400 пожарникари преку општините, со месечен надоместок од 24.000 денари. Според информациите кои до нас ги доставија свиркачи сите тие 400 млади луѓе што беа примени во август заклучно со 17 септември сè уште немаат земено ниту една плата, рече на прес конференција портпаролката на СДСМ Богднака Кузеска.

– Извори во различни општини информираат дека исплатата е блокирана и не може да се реализира поради изборите, бидејќи станува збор за „вонредно плаќање“. Јавно го прашуваме премиерот Мицкоски дали е ова точно? Ако се потврди, ова значи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно ги излажала граѓаните, свесно ги излажала овие млади луѓе. Ги искористила за политичка реклама, а потоа ги оставила без денар. А граѓаните без потребната заштита. Во време на пожари и еколошки катастрофи, оваа власт е неспособна и измамничка. Наместо да го зајакнат противпожарниот систем и да ја зголемат безбедноста на граѓаните, тие направија евтин ПР. Со вакви лаги и манипулации, нема да го зајакнете системот за заштита и спасување – само ја губите довербата на граѓаните и ја уништувате безбедноста на државата, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ

Филипче: Синдикалната кошничка е 69.000 денари, три минимални плати се потребни

Предраг Петровиќ

СДСМ: Уште само 8 дена до уште едно големо неисполнето ветување на Мицкоски

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче е најголем застапник на бугарските позиции во Македонија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: ЕУ отвора врата за проширувањето, не смееме да ја пропуштиме оваа шанса