Градоначалникот на Лавов тврди дека пронашол уред за прислушување во својата канцеларија

Од:

Градоначалникот на украинскиот град Лавов, Андриј Садови, денес изјави дека во неговата канцеларија е пронајден уред за прислушување и ја повика полицијата да утврди кому му е потребен уредот и зошто.

„Ова е моето биро, тука има многу телефони, вклучувајќи и специјални. Многу често комуницирам тука со разни почитувани луѓе. Еден од телефоните почна да работи ненормално. Го испративме на поправка кај нашите специјалисти, кои го отворија и пронајдоа уред за прислушување, вградена SIM картичка за меморија“, рече Садови во објава на социјалната мрежа Телеграм.

Во истата објава, градоначалникот на Лавов ја повика полицијата да ги истражи сите детали, објави Укринформ.

Како што претходно беше објавено, Вишиот антикорупциски суд објави дека уреди за таен аудио и видео надзор се откриени во становите на вработените во судската администрација.

Би можело да ве интересира

Туск: Полска ќе има клучна улога во европската делегација за преговорите за Украина

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

Зеленски алармира: Русија сака преку евакуација на цивили да го отвори патот кон нови градови

Полска ѝ рече „не“ на Украина

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

Фицо: Конечно се разбуди Европа – ќе има делегација за преговори за Украина