Италијанскиот Суперкуп ќе се игра во Ријад во декември оваа година, објави денес веб-страницата на натпреварувањето.
Турнирот ќе се одржи во Ријад, како и во претходната сезона, и ќе учествуваат четири екипи. Полуфиналето е закажано за 18 и 19 декември, додека финалето ќе се игра на 22 декември.
За италијанскиот Суперкуп ќе се натпреваруваат минатогодишниот шампион во Серија А, Наполи, второпласираниот Интер, победникот на Купот на Италија, Болоња и финалистот Милан.