Најмалку 40 лица беа убиени низ Појасот Газа денес во најновите израелски напади, вклучувајќи 30 во градот Газа, соопштија локалните здравствени власти под власт на Хамас.
Тие, исто така, пријавија напад со беспилотно летало врз специјализирана детска болница, кој не предизвика жртви, но ги принуди младите пациенти и нивните семејства да ја напуштат зградата, објави „Тајмс оф Израел“.
Еден ден откако Израел објави почеток на копнена офанзива со цел преземање на контролата врз главниот урбан центар на Газа, израелските тенкови напредуваа во кратки налети кон централните и западните делови на градот од три насоки, но не беа пријавени поголеми пробиви.
Израелски функционер изјави дека воените операции во моментов се фокусирани на охрабрување на цивилите да се преселат на југ и дека борбите ќе се интензивираат во следниот месец или два, објави „Тајмс оф Израел“.
Министерството за здравство, управувано од Хамас, соопшти дека израелски беспилотно летало фрлило гранати на еден кат од Детската болница Рантиси. Нема жртви, но министерството соопшти дека околу 40 семејства ги евакуирале своите деца.
„Оваа болница е единствениот специјализиран објект за деца кои страдаат од рак, откажување на бубрезите и други опасни по живот состојби – но дури и овие сериозно болни деца не се поштедени од немилосрдното бомбардирање“, рече Фикр Шалтут, директор на Газа за британската хуманитарна група „Медицинска помош за Палестинците“.
Израелската војска не одговори веднаш на барањето за коментар. Бројките што ги даде Хамас не можеа да бидат независно потврдени и не прават разлика помеѓу цивили и борци.