(ВИДЕО) Трамп пристигна кај кралот Чарлс, се возеа во златна кочија, беше организирана раскошна церемонија

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Велика Британија на својата втора државна посета, која започна со церемонијален пречек во замокот Виндзор. Посетата беше обележана со раскошни церемонии, најстроги безбедносни мерки и протести.

Трамп и првата дама Меланија беа пречекани во Виндзор од кралот Чарлс и кралицата Камила. Ним им се придружија во поворка со кочии низ кралскиот имот принцот Вилијам и принцезата Катерина, како и принцот и принцезата од Велс. Поворката беше придружувана од почесна гарда и свирење на американските и британските национални химни.

Трамп и кралот Чарлс сега влегоа во замокот Виндзор на приватен ручек по церемонијалната поворка. Остатокот од денот ќе биде обележан со заедничко прелетување на британските и американските воздухопловни сили.

Потоа, американскиот претседател ќе положи венец на гробот на кралицата Елизабета II во капелата „Свети Ѓорѓи“, а за вечерта е закажан државен банкет во Големата сала „Свети Ѓорѓи“ во замокот Виндзор.

Британската влада објави дека ова ќе биде најголемиот воен церемонијален пречек во поновата историја. По пристигнувањето во замокот, Трамп, заедно со кралот Чарлс, ја прегледа почесната гарда. За гостите е планиран раскошен државен банкет во салата „Св. Ѓорѓи“, каде што маса долга 50 метри може да прими 160 гости.

Како дел од програмата, Трампови денес учествуваа на приватен ручек во замокот, а попладне ќе положат венец на гробот на кралицата Елизабета II во капелата „Св. Ѓорѓи“. За вечерта е најавен и концерт на воен оркестар наречен „Beating Retreat“.

Трамп пристигна во Британија во вторник. По слетувањето на аеродромот Станстед, им рече на новинарите дека „ја сака Британија“ и дека тоа е „посебно место“ за него. Тој престојува во Винфилд Хаус, резиденцијата на американскиот амбасадор во Лондон, каде што пред него престојувале американски претседатели од Ајзенхауер до Барак Обама.

Трамп, исто така, треба да се сретне со британскиот премиер Кир Стармер во четврток, додека во позадина на официјалните настани, веќе се забележани протести и апсења во врска со прикажувањето фотографии од Трамп и Џефри Епштајн во близина на замокот Виндзор.

Посетата е придружена со политички преговори – Велика Британија и САД потпишаа технолошки договор вреден 42 милијарди долари, но и протести.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Претседателскиот авион на Трамп избегна судар со патнички авион

Горан Наумовски

ВИДЕО: Британија го пречека Трамп со негови слики со Епштајн на замокот Виндзор

Катерина Ѓуровски

Зеленски е подготвен за средба со Путин со посредство на Трамп

Велика Британија е подготвена за секое сценарио за време на посетата на Трамп

Трамп: Голем проблем е што земјите од ЕУ и НАТО купуваат руска нафта

(ВИДЕО) Трамп: Украина е во сериозна неволја