ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани

Од:

Додека Венко Филипче во Свети Николе зборува за единство и слога, во исто време прави плакати од Мицкоски, Тошкоски и Јанев испрскани со крв и сее зло и лаги за Кочани, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„И човекот кој е татко на смртта на неколку десетици илјади починати од ковид кризата, каде тој како прв човек на здравството доживеа фијаско. Нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани и нема приказна која не ја изврте на жртвите од Кочани. Тие и нивните инсталации и платеници имаат посебно чувство на задоволство кога злоупотребуваат вакви трагедии. И тоа силно го осудуваме. Ако сака Венко да направи разлика, тогаш нека излезе јавно да се извини и осуди ваквата омраза која тој ја стимулира“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт