Најмалку 38 цивили убиени во денешните израелски напади врз Газа

Од:

Најмалку 38 палестински цивили се убиени, а десетици се ранети од рано утрово во израелските напади врз неколку области во Појасот Газа, соопштија медицински извори.

Според болничкиот персонал, 23 тела се префрлени во болницата Ал-Шифа, 12 во болницата Ал-Мамуд и три во болницата Ал-Акса, објави Вафа.

Повеќе од 40 ранети лица се примени на лекување, од кои многу се во критична состојба.

Нападите биле насочени кон станбени области, вклучувајќи ги областите северозападно од градот Газа, населбите Ал-Дарај и Ал-Сабра, како и централниот дел од Појасот Газа, вклучувајќи го и бегалскиот камп Деир ал-Балах.

Болницата Ал-Шифа потврди дека осум лица, меѓу кои жени и деца, се убиени, додека околу 40 лица се повредени во нападот врз населба во западна Газа.

Две деца се убиени, а неколку други се ранети кога е погодена семејната куќа на Масуд во источната населба Ал-Дарај.

Четири лица беа убиени во населбата Ал-Сабра, додека болницата Ал-Акса во Деир ал-Бала ја потврди смртта на три лица во напад врз стан во бегалски камп.

Во друг напад, седум цивили беа убиени, а повеќе од 20 беа ранети кога израелските сили нападнаа точка за дистрибуција на хуманитарна помош јужно од Газа.

Нападите продолжија и на други локации во централниот дел од Појасот Газа.

Се вели дека неколку цивили се уште се заробени под урнатините.

Израел не коментираше за најновите напади.

Би можело да ве интересира

Кушнер до Нетанјаху за Газа: „Самите ја саботирате идејата што ја побаравте“

Нетанјаху: Нема да се повлечеме од Газа додека Хамас не се разоружа

Нетанјаху одобри реконструкција на дел од Појасот Газа кој не е под контрола на Хамас

Пезешкијан: Иран го осуети планот за копнена инвазија

(ВИДЕО) Израелски доселеници нападнаа палестинско село, па палеа куќи

Горан Наумовски

Пезешкијан: Иран ќе ја поддржи секоја одлука што ќе ја донесат палестинските лидери