Вреди: Го затворивме отпадот на ДУИ, на 19 октомври ќе ги уништиме и неговите фосили

Од:

Вчера конечно ја затворивме дивата депонија во Никуштак, срам наследен од владата на ДУИ, која со години го труеше воздухот и здравјето на жителите на Липково и Арачиново. Оваа одлука беше овозможена благодарение на директното влијание на првиот вицепремиер Изет Меџити и вицепремиерот Арбен Фетаи, кои го претворија проблемот занемарен од ДУИ во државен приоритет, стои во соопштението на коалиција Вреди.

„Овој чин не е само затворање на депонија, туку затворање на ерата на срам и неодговорност. ДУИ 20 години ги остави Албанците да живеат меѓу отпадот, додека самите се богатеа на нивен грб. Денес го затворивме нивниот отпад, но на 19 октомври граѓаните ќе ги затворат и политичките кариери на фосили на ДУИ. Липково, Арачиново и секоја албанска општина повеќе нема да бидат гробишта од ѓубре на ДУИ, ниту од отпад, ниту од корупција, ниту од политичко предавство, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Aдвокатот Фадил Џелили e повереник на Владата за општина Гостивар

ВЛЕН: Партијата што го уништи владеењето на правото, денес држи предавања за ЕУ

Сулејмани: ВРЕДИ изразува длабока загриженост за турбуленциите во рамки на албанската опозиција

ВЛЕН: НАИ како коалиција без кауза веќе се распаѓа!

ВЛЕН: ДУИ е последната партија што треба да зборува за ЕУ

Влен: НАИ сè уште е во изборен молк

Горан Наумовски