СДСМ: Убиство во Велес поради негрижа на полицијата на Тошковски и институциите на ДПМНЕ, бараме одговорност

Од:

Убиство во Велес поради негрижа на полицијата на Тошковски и институциите на ДПМНЕ, бараме одговорност. Двојното убиство во Велес е страшна трагедија, но уште пострашно е што денес зборуваме за животи што можеле да бидат спасени. Овој случај е јасен доказ за системски колапс на ВМРО-ДПМНЕ и за институционалната незаинтересираност за граѓаните и заштита на жртвите на семејно насилство, се вели во соопштението од СДС во кое се пренесува прес-конференцијата на Даниела Колева, кое го пренесуваме интегрално.

Полицијата на Тошковски и Центарот за социјална работа не само што не си ја завршија работата, со својата негрижа овозможија насилството да ескалира до убиство.

Сега веќе убиената Росица, барала помош кога била тепана, кога имала закани, барала помош кога и била запалена колата. Ама никој ништо не презeл.

Полицијата на Тошковски била алармирана со повеќе пријави за закани, за физички напади, за палење на возилото и кражба. Над 70 пати. Ама, со прст не мрднале.

Не издале забрана за приближување, не спровеле постапка, не обезбедиле заштитни мерки. Ништо. Тоа е пропуст кој денес значи два загубени животи.

За ова одговорноста мора да има и да почне од првите луѓе на СВР Велес.

Понатаму, Центарот за социјална работа не понудил никаква помош на жртвата, не спровел проценка на ризик, не ја сместил во безбедна куќа. Ја оставиле сама и незаштитена, иако опасноста била очигледна.

Насилникот не бил третиран како високоризично лице иако заканите биле повторувани и сериозни.

Ова е суровата реалност во Македонија денеска со ВМРО-ДПМНЕ.

Институциите што треба да ги штитат граѓаните, жените потфрлиле. Нивното молчење, нивната инертност и некоординираност ја чинеа Македонија уште еден фемицид.

Оваа трагедија е институционален срам и мора да има одговорност.

Бараме: Итна ревизија на случајот, одговорност и санкции за сите службениците кои не постапиле;

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!