Вучиќ: Собирите против блокадите стануваат сè побројни, нервозата кај блокадерите се зголемува

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека собирите против блокадите ќе бидат побројни и дека на граѓаните во Србија им стана јасно каде одат работите, како и дека нервозата кај блокадерите и претставниците на опозицијата се зголемува затоа што, како што изјави, нивните собири стануваат сè помали и имаат сè помала поддршка од народот.

Во Осака, каде што е во работна посета неколку дена, Вучиќ им рече на новинарите дека верува оти на следниот митинг против блокадите ќе присуствуваат околу 200.000 луѓе кои, како што истакна, се подготвени да се борат за своите животи, за својата слобода, за своите деца и својата иднина.

Кога беше замолен да ја коментира изјавата на претседателот на Партијата за слобода и правда, Драган Ѓилас, дека на учесниците на собирите против блокадите им се платени 50 евра за да дојдат на овие собири, Вучиќ рече дека ваквите обвинувања се бесмислени и дека ова зборува не само за Ѓилас, туку и за секој што ги потценува граѓаните на Србија и не разбира што се случува во Србија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брутална акција на француската полиција, апси секој што блокира, нападнати се и новинари

Вучиќ му се заблагодари на Путин за почитувањето и поддршката за територијалниот интегритет на Србија

Вучиќ оди за Кина, ќе има средба и со Путин-тема Република Српска

(ВИДЕО) Лисици шетаат во хаосот кој го оставија блокадерите на Филозофскиот факултет во Нови Сад

Горан Наумовски

Вучиќ: Сѐ уште важи мојата понуда за дијалог со блокадерите

Вучиќ: На блокадерите не им се допаѓаат податоците за бројот на луѓе на митинзите против блокадата