Мицкоски: Ова што се случува е резултат на центри на моќ во и надвор од земјава кои сакаат оваа Влада да не успее

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека пожарите што се случуваат во државата се организирани од центри на моќ од државата и надвор, за што, како што нагласува, има информации од службите.

-Сакам да кажам дека вакви работи ќе се случуваат и нема да престанат и сакам да упатам апел и до граѓаните дека вакви подметнувања и диверзии ќе има и во периодот кој што следи, затоа што има центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее. Ние ќе се бориме. Тие ќе продолжат да подметнуваат, ќе продолжат да креираат, да лешинарат, а ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме, изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање во Трубарево, каде вчера избувна пожар во објект со електронски отпад.

Додаде дека она што се случува сега и она што се случуваше летото и со кое успешно се справиле, ќе продолжи, затоа што, како што нагласи, „некој има интерес тоа да продолжи“, но оти ќе биде поразен.

Прашан дали фирмата за управување со отпад каде што се случи пожарот ги исполнувала условите кои се наведени во лиценцата, рече дека таа е добиена во 2021 со важност до 2031 и соодветно на тоа што било дадено како лиценца тие декларирале дека го поседуваат.

-Можете да забележите и останати отпади во периметарот на пожарот, ги гледате условите под кои тие работат, а исто така ги гледаме условите од отпадите кои работат ширум државата. Ако мене ме прашате, тоа не се услови под кои треба да работат. Но истовремено, сите овие физички и хибридни напади кои се случуваат ќе ги таргетираат ваквите слаби страни и ќе продолжат да се случуваат, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Апасиев донесе слика од премиерот и неговиот баџанак и го праша за бизнисите, Мицкоски му рече дека е кукавица

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија не е добиена на подарок, време е конечно да имаме големи цели

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата – клевети, навреди и измислици не поминуваат

А1он

Средба меѓу Муцунски и Петрова ќе има, не е јасно во каков формат

Мицкоски: ЕУ препозна дека некои земји го злоупотребуваат ветото, Македонија има големи шанси со постепената интеграција

Пензискиот систем е стабиелн, нема да има промени, вели Мицкоски