Се делат заштитни маски во Трубарево, приведен сопственикот на фабриката

Од:

Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, обезбедија 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва се дистрибуирани до жителите на скопското село Трубарево. Во меѓувреме се евакуираат жителите на Трубарево кои се на 400 метри околу огништето, каде на 150 метри оддалеченост биле измерени високи концентрации на токсичност.

– Маските се ставени на располагање од ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, а дистрибуцијата ќе се реализира со поддршка на тимови од јавните претпријатија и Општина Гази Баба. Со оваа мерка се обезбедува навремена поддршка за локалното население, со цел намалување на непосредната изложеност на загадениот воздух предизвикан од пожарот, соопшти Министерството за здравство.

Со градежна механизација се затрупува локацијата каде и вечерва беснее и се прошири пожарот во Трубарево. Во цело Скопје мириса на пластика, а Институтот за јавно здравје веќе објави препораки за заштита на здравјето и благосостојбата на граѓаните во случаи кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и можна изложеност на штетни материи.

Вечерва, приведен е во полициска станица сопственикот на погоните и уште две лица. Власта во неколку наврати денеска најави дека се работи за хибридна војна, намерно предизвикување на пожари со цел да се влијае на исходот на локалните избори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат