Сопругата на убиениот Чарли Кирк: „Немате поим каков оган запаливте во оваа жена“

Од:

Ерика Кирк, сопругата на американскиот конзервативец Чарли Кирк, кој беше убиен пред три дена, се обрати до јавноста по убиството.

Во организацијата за промоција на конзервативните вредности, Turning Point USA, чиј основач е Кирк, го нарекоа нејзиното обраќање како „обраќање до нацијата“. Имено, Ерика вети дека, како што изјави, ќе ја исполни неговата мисија и ги покани младите луѓе да се приклучат на неговата организација, како и на оживувањето на христијанството.

Таа им рече на „криминалците одговорни за убиството“ дека ако претходно мислеле дека мисијата на нејзиниот сопруг била моќна, тогаш немаат поим што штотуку ослободиле низ Соединетите Американски Држави и остатокот од светот.

„Немате поим каков оган запаливте во оваа жена. Криците на оваа вдовица ќе одекнуваат низ целиот свет како борбен повик. Движењето што го изгради мојот сопруг нема да умре“, рече таа, според весникот Гардијан.

Кирк беше убиен на 10 септември на Универзитетот во Јута, за време на говор пред студентите. Тој беше истакнат поддржувач на американскиот претседател Доналд Трамп. Трамп го смета Кирк за меѓу најзаслужните за неговиот реизбор за претседател. Осомничен за ова убиство е 22-годишниот Тајлер Робинсон, кој беше уапсен вчера.

Би можело да ве интересира

Зеленски прифаќа замрзнување на војната, но не и признавање на окупираните територии за руски

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

(ВИДЕО) Напад врз Ријад: Пресретната балистичка ракета лансирана од Хутите

Предраг Петровиќ

Песков го критикува Брисел: Америка бара мир, додека Европа поттикнува војна

Нетанјаху: Трамп не ме спречи да го нападнам Иран

Аракчи: Ако Америка е искрена, мора да се придржува до нашите услови