НАТО започнува операција „Источна стража“: Ќе ја браниме секоја педа од територијата на Алијансата

Од:

Како одговор на нарушувањето на воздушниот простор на земјите членки на НАТО, Алијансата одлучи да ја започне операцијата Источна стража“ за заштита на своето источно крило, соопшти попладнево генералниот секретар на Пактот, Марк Руте.

– Активностите ќе започнат во наредните денови и ќе вклучуваат низа мерки, изјави Руте на заедничката прес-конференција во седиштето на НАТО со врховниот командант на сојузничките сили во Европа, американскиот генерал Алексус Гринкевич.

Како што најави Руте во операцијата засега ќе учествуваат Велика Британија, Германија, Данска и Франција.

– Ќе ја браниме секоја педа од територијата на Алијансата, нагласи Руте.

Би можело да ве интересира

Путин издаде наредба: „Уништете го НАТО“

Предраг Петровиќ

Дрон влезе во воздужниот простор на Летонија, го соборија авиони на НАТО

Катерина Ѓуровски

Путин: НАТО го зголемува своето присуство во Пацификот, се зголемува потенцијалот за конфликт

Нинисто: Русија нема да го нападне НАТО

Кинески шпионски софтвер се шири низ целиот свет: Ги следи рутерите на НАТО

Горан Наумовски

Американските разузнавачи: Путин би можел да го нападне НАТО