Опозицијата ќе шири шпекулации и невистини во текот на кампањата, вели Мицкоски

Од:

Очекувам кампања во којашто ќе изобилуваат шпекулации, конструкции, подметнувања, невистини од страна на опозицијата и малкумината поддржувачи на опозицијата, изјави премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во одговор на нновинарско прашање, каква кампања очекува од партиите за Локалните избори.

Мицкоски, по промовирањето на изборната коалиција и потпишувањето на документот „Декларација за Македонија на граѓаните и за општини што создаваат иднина“, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери ќе ги презентираат резултатите и се што имаат сработено градоначалниците во изминатите четири години.

– Ние како коалиција имаме со што да излеземе пред граѓаните, што сме направиле во изминатите четири години во општините, што сме направиле во изминатите 15 месеци како што сме централна власт и ќе се обидеме да направиме разлика меѓу оние седум години, кога ДУИ и СДСМ беа во Владата и овие четири години кога оваа коалиција управуваше со најголемиот дел од општините и оваа коалиција управува сега со Владата во Македонија, изјави Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Македонскиот јазик не е загорезен, Мицкоски прдолжува со лажната одбрана на идентитетот

Во овој случај гледате мал престап и веднаш системот функционира, Мицкоски за членот на обезбедувањето кој ја истепа сопругата

Мицкоски ги повика Македонците да летуваа дома, за ЕЕС вели има разговори во ЕУ

Филипче: Гоце Делчев би се срамел од Мицкоски и би се борел против криминалната ВМРО

Мицкоски: Бугарскиот наратив кон Македонија нема да се промени

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот