Нова научна студија за миграциите на д-р Маријан Јанческа- Угарковиќ

Од:

Деновиве во идание на издавачката куќа „Восток“ од печат излезе научната студија на д-р Маријана Јанческа-Угарковиќ, насловена „Типологизација на миграциите во „Хиперон“ и „Падот на Хиперон“ на Ден Симонс“.

Според Јанческа – Угарковиќ, типологизацијата на миграциите во научнофантастичните дела е важна тема заради актуелните миграции кои бараат соодветни инклузивни политики.

Јанческа -Угарковиќ тврди дека во ситуација кога трендовите на националнидржави ја губат контролата, а глобализацијата станува секојдневие, научната фантастика открива идни можни модели на конфликти, односно дека претставува симулација на идна стварност. Авторката во делото расправа дека основна карактеристика на секоја култура е имањето на сопствена филозофија за класификација на светот.

Членовите на една култура оформуваат општествен социјален поредок на база на заедничките системи на значења. Се претпоставува дека сите членови на една култура се согласуваат со системите на значење што таа ги продуцира, односно културата има механизми преку кои разнородните припадници се хомогенизираат – пишува во рецензијата на книгата проф. д-р Мишел Павловски.

Маријана Јанческа – Угарковиќ се вбројува меѓу талентираните истражувачи во областа на хуманистиката, кои со храброст и аналитичка проникливост се движат низ интердисциплинарните простори, опфаќајќи културологија, антропологија, книжевна теорија и критика. Таа активно учествува на конференции и симпозиуми во земјава и во странство, придонесувајќи кон интердисциплинарната дискусија во областа на хуманистичките науки.

Би можело да ве интересира

Од печат излезе нова книга на Авдулах Рамчиловиќ: “Има време”

„Визуелни елоквенции“ – нова поетска книга на Лили Бошевска во издание на „Матица македонска“

Бизнис, држава и иднина – Кочо Анѓушев отворено за многу општествено политички прашања

„Мит и стварност“ – нова книга од Паскал Гилевски

Предраг Петровиќ

Промоција на колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ во Задар

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on