Во Скопје следните два дена ќе се врши авионска дезинсекција против комарци

Од:

На подрачјето на град Скопје во наредните два дена ќе се одвива авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци.

Како што соопштуваат од Град Скопје, авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се одвива во раните утрински часови на 12 и 13 септември, додека, пак, од 16 до 19 септември во период од 22 часот до 3 часот ќе се одвива терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци.

– Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 12.09.2025 година ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16.09.2025 година терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно: Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден, стои во соопштението.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, од Град Скопје велат истата ќе биде извршена во истиот термин првиот нареден ден кога ќе има поволни временските услови. Во соопштението е наведено дека Град Скопје ги известува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Би можело да ве интересира

Апасиев: Неспособни тендераши не убедуваат дека комарците се размножувале во вазните за цвеќиња на гробишта

А1он

Левица: Милиони за прскање без доказ дека делува – исти фирми и средства

Катерина Ѓуровски

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

Митески: Нема утврдени жаришта на комарци во Аеродром

Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров

А1он

Клековски предупредува: Внимание од убоди од комарци, вонредна контрола на живината