Лавров: Нападот на Израел врз Катар ќе ја зголеми дестабилизацијата на Блискиот Исток

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека нападот на Израел врз Катар води кон понатамошна дестабилизација на ситуацијата на Блискиот Исток.

„Веста за оваа акција ја примивме со длабока загриженост. Сметаме дека е грубо кршење на меѓународното право, првенствено на Повелбата на ОН, како посегнување по суверенитетот и територијалниот интегритет на независна држава, чекор што води кон понатамошна дестабилизација на ситуацијата на Блискиот Исток“, рече Лавров на состанокот на Стратешкиот дијалог на Советот за соработка на Русија и земјите од Заливот, пренесува Интерфакс.

Оценувајќи дека „ваквите акции сигурно заслужуваат најсилна осуда“, Лавров додаде дека на денешниот состанок ќе бидат развиени заеднички чекори за да се минимизираат негативните последици од оваа акција за регионот.

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа, а 20 се ранети во израелски напади врз јужен Либан

Лавров: Западните обвинувања за руска вмешаност во инцидентот во Лајпциг се почеток на вистинска војна

Ескалација на Блискиот Исток: Израел со нови воздушни напади врз јужен Либан

Сар ѝ се заканува на Британија: Ако работите против Израел, ќе добиете одговор

„Гардијан“ открива: Како израелската војска ги претвора хуманитарците во мети

(ВИДЕО) Крвава ноќ во Либан, има загинати и голем број повредени