Филипче: Мора да продолжиме по европскиот пат, резолуцијата за ЕУ ќе биде гаранција за заштита на националните интереси

Од:

Македонија мора да продолжи по европскиот пат, активно, со резултати и визија, порачал претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во рамки на работната посета на Париз, Франција. Тој посочил дека целта на посетата е да ги промовира и брани националниот интерес и позициите на Македонија.

При тоа нагласил дека СДСМ веќе работи на проактивен пристап, а тоа, како што рекол, значи конкретни решенија и иницијативи за деблокирање на процесот.

-Во финална фаза е подготовката на Резолуцијата, која ќе биде вин-вин решение за државата и граѓаните. Со оваа Резолуција ќе понудиме национален механизам за справување со евентуални непринципиелни барања од Бугарија во текот на преговорите ако тие на било кој начин излегуваат од Преговарачката рамка, рекол Филипче.

Тој додал дека македонскиот јазик, културата и идентитетот, како темелни вредности веќе се заштитени во повеќе европски документи и со самата рамка.

-Со носење на резолуција со национален консензус ќе ги потврдиме овие позиции, но и ќе изградиме заеднички став како да ги заштитиме и во домашните институции. Со овој документ ќе обезбедиме јасна временска рамка за следните чекори и реформите како конечно одблокирање на европскиот пат, изјави Филипче.

Претседателот на СДСМ додал дека сега е време за политичка зрелост и заедничка одговорност за напредокот на државата.

-Ова е време за политичка зрелост и заедничка одговорност. СДСМ е подготвен да поведе со проактивен пристап и со решенија што ќе ја придвижат Македонија напред, кон Европската унија. Македонија мора да продолжи по европскиот пат кој гарантира развој, стабилност и сигурна иднина на македонските граѓани, порачал претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

За време на посетата Филипче оствари работни средби со француските политички претставници од Генералниот секретаријат за европски прашања, Министерството за Европа и надворешни работи и од француското Собрание.

Би можело да ве интересира

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

ВИДЕО: Техничката влада не смее да падне, „средба со криминалци нема да има“, вели Филипче

(ВИДЕО) Филипче за Божиќ: Да градиме праведно и слободно општество, младите тука да ја гледаат иднината

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Деспотовски: Венко, нема да ти дозволам да избришеш 30 години работа

Манасиевски: Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи