Бројот на загинати по земјотресот во Авганистан се искачи на над 2.000

Од:

Спасувачките операции продолжуваат во планинскиот регион погоден од земјотресот на истокот на Авганистамн, соопштија талибанските власти, објавувајќи дека бројот на жртви се искачил на 2.205 и дека најмалку 3.640 се повредени.

Сè што имавме беше уништено“, рече Аалем Џан, чија куќа во најтешко погодената покраина Кунар беше срамнета со земја од потресите.

Единствено што ни остана е оваа облека што ја носиме“, рече Џан. Неговото семејство седеше под дрвјата со своите лични работи натрупани до нив.

Првиот земјотрес, со јачина од шест степени според Рихтеровата скала, еден од најсмртоносните во Авганистан во последните години, предизвика голема штета и уништување во покраините Кунар и Нангархар во неделата, кога се случи на длабочина од 10 километри.

Втор земјотрес со јачина од 5,5 степени во вторникот предизвика паника и ги запре напорите за спасување кога предизвика камења што се срушија по планините и ги блокираше патиштата до оддалечените села.

Повеќе од 6.700 домови беа уништени, соопштија властите.

Обединетите нации предупредија дека бројот на жртви може да се зголеми, бидејќи луѓето се уште се заробени под урнатините.

Би можело да ве интересира

Уште еден силен земјотрес во Авганистан

ВИДЕО: Страотни снимки ја покажуваат силата на земјотресот во Авганистан

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Стотици мртви во разорниот земјотрес во Авганистан, спасувачите бараат преживеани во урнатините

Катерина Ѓуровски

На Авганистанците им е забранета љубовна поезија и критика на власта

А1он

Шојгу: Талибанците ќе добијат помош од Русија, ситуацијата во Авганистан е тешка

Земјотрес од 4,8 степени по Рихтер во Киргистан

А1он