МВР се сомневало дека Груевски избегал со автомобилот на Ахмети, вели ВРЕДИ

Од:

Бујар Османи се сретнал со Груевски во Будимпешта, доказите наскоро ќе излезат во јавноста.

Бујар Османи не само што бил во Будимпешта заедно со своето семејство, туку таму приватно се сретнал со бегалецот од македонското правосудство.

Ова го посочуваат од политичката партија Вреди во најновото соопштение испратено до медиумите.

– Обидот на Османи да се сокрие зад изговори за „класифицирани информации“ и подоцна да ја негира средбата на Фејсбук е доказ за неговата дволичност. Вистината е јаснa, средбата се случила, а доказите наскоро ќе бидат објавени пред целата јавност.

Факт е дека МВР се сомневала дека ДУИ била активно вмешана во бегството на Груевски. Автомобилот на Али Ахмети беше задржан цел ден во полициска станица, бидејќи постоеле сомневања дека токму со него поранешниот премиер бил изнесен од државата.

Граѓаните треба да знаат дека зад сите лаги и манипулации стои една вистина: Бујар Османи и ДУИ се најважните соработници на Никола Груевски и неговата мрежа.

ДУИ беше верен соработник на Никола Груевски и Сашо Мијалков. Останаа верни до денес – нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Пресудата е неправедна и разочарувачка, Али Ахмети за пресудата за Тачи

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Груевски за случајот „Талир 2“

ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на Груби?

ВРЕДИ: Али Ахмети молчи, Ислам Абази ја затвори истрагата: Кој ќе одговара за 14 жртви во модуларната болница?

А1он

ВЛЕН: Каква врска има Груби со најавите на Ахмети за повлекување

Катерина Ѓуровски