Лидл започна со изградба на маркет во Општина Аеродром

Од:

Лидл официјално ја започна изградбата на својот најнов маркет во општина Аеродром, којшто ќе биде со модерна архитектура и одржливи технологии. Новиот малопродажен објект ќе се протега на површина од 3 438 квадратни метри, со продажен простор од 1 200 квадратни метри, а за дополнителна погодност на потрошувачите, локацијата ќе има и 57 паркинг места. Ова е уште еден клучен чекор во планот за проширување на компанијата и нејзината мисија да ги направи висококвалитетните производи подостапни за потрошувачите во Северна Македонија.

Официјалниот почеток на изградбата со поставување на камен-темелникот се одржа во присуство на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и извршната претставничка на Лидл, Милена Драгијска-Денчева.

Премиерот Христијан Мицкоски го поздрави присуството на Лидл во Аеродром и изјави дека овој проект не е само почеток на изградба на еден обичен објект, туку почеток на едно ново поглавје во малопродажбата со нови стандарди, поголема конкуренција и со подобри услови за граѓаните. Тој нагласи дека особено е горд на фактот што компанијата прифатила да ја зголеми застапеноста на домашното производство и на македонските производи на полиците на Лидл.

„Тоа е од исклучителна важност, затоа што со тоа не само што се одржува локалната економија, туку се гради доверба кај потрошувачите дека македонското е најдобро. Дополнително, македонски производи се наоѓаат на полиците на Лидл во околните земји. Во 2024 година извозот беше околу 5 милиони евра, а очекуваме оваа година, во неформален разговор со претставниците на Лидл, таа бројка да достигне и до 10 милиони евра и со време да расте. Тоа треба да биде инспирација и мотив за македонските претприемачи да ги задоволат стандардите на Лидл и да произведуваат според стандардите на Лидл“, рече Мицкоски.

Извршната претставничка на Лидл, Милена Драгијска-Денчева, изјави дека инвестицијата на Лидл низ целата земја е со долгорочен план за работа на македонскиот пазар и ја одразува посветеноста на компанијата кон раст и иновации. Нашите инвестиции на локално ниво претставуваат можност за наш придонес и поврзување со локалните заедници.

„Кога градиме нови маркети, ги следиме меѓународните професионални стандарди, а воедно соработуваме со локални компании, директно придонесувајќи кон домашната економија. Наскоро ќе ги отвориме вратите за жителите на Аеродром и на целата земја. Искрено се надевам дека со нашата работа ќе ја заслужиме вашата доверба и дека македонските граѓани ќе го изберат Лидл како претпочитана дестинација за секојдневно пазарење“ истакна Драгијска-Денчева.

Инвестицискиот план на Лидл во Северна Македонија вклучува изградба на регионален логистички центар во Речица, Куманово и маркети на повеќе локации низ целата земја.

Компанијата Лидл е дел од групацијата Шварц со седиште во Некарсулм, Германија, и е еден од водечките трговци со храна во Германија и Европа. Лидл моментално управува со околу 12 600 маркети и повеќе од 230 дистрибутивни и логистички центри во 31 земја и вработува над 382 400 луѓе.

Би можело да ве интересира

Мицкоски го искара Касами: Да не влегува во фолклорот на ДУИ, туку да зборува за проекти

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Целиот разузнавачки систем бил ставен во функција против Мицкоски

Дали Мицкоски ќе продолжи да го штити Меџити од обвинувањата за 450 илјади евра провизија за „Скендербег“, прашува Алијанса на Таравари

ВМРО-ДПМНЕ: Пет години безбедносните служби го прислушкувале Мицкоски

Мицкоски: Прислушувањето на АНБ не е удар врз мене и новинарите, туку врз демократијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче за случајот АНБ: Наместо лов на вештерки, темелна истрага и декласификација