Демонстрација на моќ во Пекинг, Кина покажа ново оружје

Од:

Кина претстави низа нови оружја на големата воена парада во Пекинг, вклучувајќи балистички ракети со нуклеарен погон, ласери и џиновски подводни дронови. Во говорот пред парадата, претседателот Си Џинпинг рече дека Кина е „незапирлива“ и „никогаш нема да биде заплашена од насилници“.

На Си на трибините му се придружија 26 шефови на држави, вклучувајќи го рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Тоа беше нивна прва средба како трио и, според Би-Би-Си, симболично важна.

Си ги повика Кинезите да се сетат на победата над Јапонија во Втората светска војна, велејќи дека „човештвото се крева и паѓа заедно“. По говорот, тој ги обиколи илјадниците војници собрани на авенијата Чанган во центарот на Пекинг.

Според Би-Би-Си, парадата откри и траги од можен план за напад на демократскиот остров Тајван, кој Кина го смета за свој. Аналитичарите велат дека Си јасно ги ставил на знаење своите амбиции и пораката дека Пекинг ги има сите потребни капацитети.

Меѓу оружјето што беше изложено за прв пат беа нова нуклеарна интерконтинентална балистичка ракета, нова ракета монтирана на пат за испорака на хиперсонични боеви глави, ласерско оружје и нови „робот волци“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, не беше на парадата, но на својата мрежа Truth Social ги нарече Си, Путин и Ким „заговор“ против САД. Се прашуваше дали Си ќе ја одбележи „огромната помош“ што Америка ѝ ја пружи на Кина за време на Втората светска војна.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Турција се вооружува за да ја зголеми регионалната предност

ВИДЕО: Трамп и Џипинг се договорија за ретките метали, царините за кинеските стоки намалени

Катерина Ѓуровски

Украина од увозник, прерасна во земја извозник на оружје

ЕУ ја повикува Кина да помогне во завршувањето на војната во Украина

Горан Наумовски

„Политико“: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

Пекинг: Притисокот врз Путин нема да доведе до решавање на украинската криза