Арсовска: Ова е системска победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка

Од:

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, пресудата на Основниот кривичен суд во Скопје со која Сулејман Љамалари е осуден на две години затвор за грубо насилство врз неа ја оцени како „системска победа за жртвите на насилство“.

-Ова е системска победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка, за напад кој претставуваше и атак врз институцијата градоначалник. Насилникот не покажа ни трошка каење за стореното, со својот однос континуирано се исмеваше со судот и јавноста. Дури се обиде жртвата да ја претстави како напаѓач, а себеси иако е насилник да се претстави дека бил тепан од жена, објави на својот Фејсбук профил Арсовска.

Судот денес го огласи за виновен за сторено кривично дело – насилство и му изрече казна затвор во траење од две години, на Сулејман Љамалари за физички и вербален напад, нанесување телесни повреди и упатување сериозни закани. Судот, исто така, одлучи мерката притвор на Љамалари да му биде продолжена до правосилност на пресудата, односно до започнување со издржување на казната затвор, но не подолго од 60 – шеесет дена.

Случајот се однесува на инцидентот од 11 јули 2025 година, кога Арсовска била на терен со овластени службени лица по пријава за бесправна градба. Според обвинението, Јамалари пристигнал со електричен тротинет и ја нападнал градоначалничката физички и вербално, нанесувајќи ѝ телесни повреди и упатувајќи сериозни закани

Би можело да ве интересира

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски

Резервите со нафта се при крај, Управниот одбор на Комунална бара од Арсовска да назначи директор

Катерина Ѓуровски

Арсовска: Господине Мицковски прво да се потсетите што сѐ сте направиле како ВМРО/ВЛЕН и власт во Советот на град Скопје терајќи инает со граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот