Последни денови за летната промоција на ЕДС – заштедете на сметките за струја!

Од:

Летната понуда за снабдување со електрична енергија која што ја подготви ЕДС, а која вклучува значителни бенефити за компаниите и намалување на сметките за снабдување со струја и до 30 отсто, завршува за само неколку дена.

До 5 септември имате можност да ја искористите специјалната промотивна понуда при што може да изберете меѓу два тарифни модели, креирани за потребите на малите и средни компании.

ЕДС, како еден од водечките снабдувачи со електрична енергија во земјата и дел од регионалната енергетска групација PPC, лансираше летна понуда дизајнирана специјално за малите и средни компании.

„Во ЕДС постојано се стремиме да им овозможиме на нашите клиенти најдобри услови за управување со потрошувачката на електрична енергија. Од почетокот на кампањата голем број компании ја искористија летната промоција на ЕДС и уште од првиот месец забележаа значителни заштеди на сметките за електрична енергија. Поради тоа ја продолжуваме промоцијата до 5 септември со цел да им овозможиме на сите заинтересирани можност да не контактираат во овој временски рок и да им дадеме понуда со која што ќе ги намалат сметките за струја и ќе направат сериозна заштеда за својата компанија. Ова е уште еден пример за нашата посветеност кон поддршка на бизнисите и креирање на долгорочни вредности за нашите партнери,“ вели Александар Сарџовски, главен извршен директор на ЕДС.

Тарифниот модел „Без обврски“ – нуди флексибилност кога ви е најпотребна. Овој модел е идеален за динамични компании кои не сакаат да се врзуваат со долгогодишни договори. Нуди едноставна фиксна цена, со можност за месечна промена, целосна транспарентност и без скриени трошоци

Долгорочен модел – нуди финансиска сигурност и планирање – компаниите што претпочитаат стабилност и долгорочна сигурност можат да изберат 12-месечен договор по значително пониска цена – само 10,49 ден/кWh.

Во услови на либерализиран пазар на електрична енергија, потрошувачите имаат реална можност самостојно да изберат снабдувач кој најдобро одговара на нивните потреби.

Промената на снабдувачот денес е едноставна процедура која не носи ризик за вашиот бизнис – напротив, ви отвора врата кон поголема контрола и ефикасност. Промената на снабдувачот не е само законско право, туку и потенцијална можност за финансиска заштеда, подобри услови на договор и поголема транспарентност во односот со енергетските компании.

Би можело да ве интересира

Energy Delivery Solutions Инфо Поинт

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 јули 2026 изнесува 123,26 евра за мегават час, на МЕМО 110,00 евра за мегават час

Energy Delivery Solutions Инфо Поинт

ЕДС ја продолжува промотивната кампања: 2 години фиксна цена на струја и подарок Hisense клима уред или Segway електричен тротинет

А1он

Energy Delivery Solutions Инфо Поинт

Energy Delivery Solutions Инфо Поинт – Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 јуни 2026 изнесува 115,75 евра за мегават час, на МЕМО 86,70 евра за мегават час

А1он