Трамп: Никогаш не сум се чувствувал подобро во животот

Од:

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека „никогаш не се чувствувал подобро во животот“, откако викендот се појавија гласини за неговото здравје поради неговото привремено повлекување од јавниот живот.

„Никогаш не сум се чувствувал подобро во животот“, напиша Трамп во објава како одговор на коментарите од корисник кој се потсмеваше на физичката состојба на поранешниот претседател Џозеф Бајден, додавајќи дека „медиумите полудуваат ако Трамп не се појави 24 часа“.

Шпекулациите се појавија бидејќи Трамп не е виден во јавноста од средината на минатата недела, а неговиот распоред беше празен во текот на викендот, објавува Индепендент.

Дополнително внимание привлече и изјавата на потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, за „Ју-Ес-Еј Тудеј“, во која рече дека е „подготвен да ја преземе претседателската функција во случај на трагедија“, но и дека Трамп е „во исклучително добра здравствена состојба“.

Би можело да ве интересира

До смрт ја претепа двoмесечната ќерка – осуден е на 58 години затвор

А1он

Трамп повторно го поддржa Нетанјаху: Мораме да ја завршиме работата што ја започнавме

CNN: Армијата се подготвува за нов напад врз Иран

„Дејли експрес“: Медведев му порача на Трамп да нареди ликвидација на Зеленски

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

ВИДЕО: Трамп откри план за Русија и Украина по завршувањето на војната