Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

Од:

Во Скопје попладнево дува силен ветер, делови од градот се без електрична енергија, а според информациите од Центарот за управување со кризи има два големи пожари и тоа на Скопска Црна Гора меѓу селата Црешево и Брњарци и меѓу селата Крушопек и Лока, но и на други места.

Директорот на ЦУК вели дека се чека да се намали силината на ветрот за да се испратат воздухоплови за гаснење на овие пожари. Силниот ветер предизвика и материјална штета.

Според досегашните информации во невремето нема евидентирани повредени лица.

Паднати кровови од згради има во Чаир, во Ѓорче Петров, на булеварот Партизански одреди во близина на бензинската пумпа на Окта, како и паднати дрвја, гранки од дрвја и контејнери.

Од ЦУК информираат дека надлежните служби внимателно ја следат состојбата, и дека се во постојана координација со сите релевантни служби на терен.

Се повикуваат граѓаните кои имаат претрпено материјални штети или воочат дополнителни ризици, веднаш да се јават на бројот за итни повици 112.

Би можело да ве интересира

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите

Невремето предизвика поплави и штети во повеќе региони

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ

Невремето во Скопје направи пустош, поплави и заглавени возила

Предраг Петровиќ

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси