Израелците го ликвидираа лидерот на Хутите во Јемен

Од:

Во воздушен напад на израелските одбранбени сили (ИДФ) врз јеменскиот град Сана е убиен премиерот на бунтовничкото движење Хути Ансар Алах, Ахмед Галеб ал-Рахави, изјави извор близок до неговото семејство.

„Израелски воени авиони бомбардираа куќа во областа Хада јужно од Сана, при што загинаа четири лица, вклучувајќи го премиерот Ахмед Галеб ал-Рахави и неколку негови соработници. Други се ранети“, изјави тој за РИА Новости.

Како што истакна изворот на агенцијата, групата Ансар Алах во моментов се подготвува официјално да ја објави смртта на својот премиер.

Јеменскиот телевизиски канал Ал-Џумхурија објави дека премиерот на бунтовниците Хути, поддржани од Иран, Ахмед Галеб ал-Рахави, е убиен во својот стан во Сана за време на израелските напади вчера.

Би можело да ве интересира

Кац: Израел продолжува со воените операции во јужен Либан и покрај прекинот на огнот

Хезболах го отфрли предлогот за прекин на огнот со Израел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел и Либан договорија примирје

Трамп се надева дека примирјето меѓу Изрел и Хезболах ќе биде „засекогаш“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Паника и хаос во Бејрут, Иран се заканува поради израелските напади на Либан

Кац: Израелските војници ќе останат во тврдината Бофорт