Изгаснат пожарот кај Церово, активни се четири пожари

Од:

Активни се четири пожари на отворен простор, кои се под целосна или делумна контрола, а целосно е изгаснат пожарот кој вчера изби на територијата на општина Желино во атарот на село Церово и во вечерните часови се прошири во насока на месноста Карпалак покрај автопатот Скопје – Тетово, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Во гаснењето на пожарот во Желино биле вклучени Територијалната противпожарна единица Тетово и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Од ДЗС упатуваат благодарност до тетовските и скопските пожарникари кои, како што посочуваат, во ноќни услови успеаја да го изгаснат овој голем пожар кој во делови се одвиваше на тешко пристапен терен.

Во текот на вчерашниот ден целосно се изгаснати 29 пожари на отворен простор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелов: Повторно се разгоре пожарот во Мариово, не чека тешка ноќ

Горан Наумовски

ЦУК: До 18 часот 11 активни пожари, три се под контрола

Пет активни пожари, еден под контрола, а шест се изгаснати

Горан Наумовски

Во пожар изгореа неколку стари куќи во прилепско Чаниште – нема жртви и повредени

А1он

Маж (70) почина при пожар во Смедерево

А1он

Пламна пожар на границата меѓу Србија и Хрватска – гореше шума и ниската вегетација