Русија: Европските предлози за безбедносни гаранции за Украина се целосно неприфатливи

Од:

Европските предлози за безбедносни гаранции за Украина се целосно неприфатливи, а војниците од земјите-членки на НАТО не смеат да влегуваат во Украина, соопшти Кремљ на дневниот брифинг за медиумите.

Како што објави Скај њуз, портпаролот Дмитриј Песков рече дека Москва „гледа негативно“ на предлозите што се појавија по средбата на европските лидери со Доналд Трамп во Вашингтон.

Ова е јасна порака од Кремљ дека нема да се откаже од своите барања кон Украина, и покрај слабиот обид за дипломатско смирување, што е содржано во реченицата дека „американските напори за наоѓање мир се многу важни“.

Официјалниот став на Москва е во спротивност со неодамнешните тврдења на Трамп дека „Путин се согласил на безбедносни гаранции во многу значаен чекор“. Песков го повтори долгогодишниот став на Русија дека војниците од земјите-членки на НАТО немаат работа во Украина, а кога станува збор за мировни преговори, тој нагласи дека „ваквите состаноци мора да бидат добро подготвени за да бидат ефикасни“.

Тој, исто така, откри дека се во тек подготовки за посетата на Владимир Путин на Кина, опишувајќи ја како „без преседан“.

Путин ќе им се придружи на повеќе од 20 светски лидери на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во Тјанџин во недела и понеделник.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса

Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир